Идната година редовни избори, дециден премиерот Ковачевски
Избори ќе има согласно со законските рокови, вели премиерот Ковачевски. Според него јавноста ќе биде информирана кога ќе се постигне договор за точниот датум за претседателски и парламентарни избори. Според законот 100 дена пред одржувањето на парламентарните избори ќе се формира техничка влада, изјави Ковачевски...

Идната година редовни избори, Собранието ќе го утврди тајмингот – дециден премиерот Ковачевски. Додава дека законските рокови мора да се испочитуваат имајќи ги предвид верските празници Велигден и Бајрам напролет и техничката влада, обврска да се формира 100 дена пред избори. За тоа како неговата партија ќе настапи на изборите и со кого би коалицирале, Ковачевски вели дека одлуката ќе ја донесат партиските тела на СДСМ.
Сè уште останува отворено прашањето дали со вториот круг на претседателските избори ќе се одржат и парламентарните како што инсистира ВМРО-ДПМНЕ. Власта категорично одбива да разговара за ваквата можност. Мицкоски тврди дека владејачките партии сакаат по секоја цена да избегнат изборен процес, бидејќи како што смета, се свесни дека ќе изгубат. Иако ВМРО-ДПМНЕ не учествува во работната група за измени во Изборниот законик, Мицкоски со став-роковите веќе стануваат тесни, па може да дојде до уставна криза.
Здружената албанска опозиција бара со еден член да партиципира во Државната изборна комисија. Тоа е предуслов изборите да бидат фер и демократски, вели Фадиљ Зендели од БЕСА.
Како што истакна Зендели, наводно министерот за надворешни Османи како претседавач со ОБСЕ, влијаел на одлуката за бројот на набљудувачи за изборниот процес.
Премиерот Ковачевски пак уште еднаш потенцираше дека членството во Европската унија се базира на концептот на заслуги. Македонија заслужува да биде дел од Европска унија, категоричен шефот на Владата.
Миле Ристески
