Фудбалската репрезентација се подготвува за утрешната контрола со Катар

Ѓуровски: Правам селекција за квалификациите, тогаш и одговорноста ќе ми биде поголема

29.05.2014 15:07

Подмладениот и повеќе од комбиниран состав на македонската фудбалска репрезентација во Рим се подготвува за утрешниот пријателски натпревар со селекцијата на Катар. На него селекторот Бошко Ѓуровски ќе има и уште пореновиран тим во споредба со оној што во понеделникот загуби од Камерун со 2-0. Откако тогаш детектираше неколку позитивни и сигурно многу повеќе негативни аспекти во однос на прикажаната игра, тој најавува промени и во составот и во формацијата за утрешниот меч.

Селекторот верува дека и со овој тим Македонија ќе оствари резултат каков што посакува, без оглед што бројките во моментов не му се пресудни, туку целта му е да направи селекција којашто ќе го носи товарот низ наредните евроквалификации. „Ако секој од играчите коишто ќе добијат шанса - биде на висина на задачата, ако секој биде фокусиран на своите обврски и притоа ги исполнува тактичките замисли, ќе и биде полесно на целата репрезентација“, смета селекторот.

По бројните отсуства и откажувања, шанса за прв репрезентативен настап ќе очекува и младиот Александар Дамчевски, којшто оваа пролет играше за бугарски Черноморец. Поранешниот член на младата селекција доби повик, откако поради повреда не можеше да се приклучи Зајков.

Мечеот со Катар, Македонија ќе го одигра утре вечер од 19 часот во италијанското гратче Риети.