ЛОНДОН

Дводневен самит посветен на ризиците од вештачката интелигенција

01.11.2023 19:03

Шефови на технолошки компании, истражувачи и лидери од земјите од Европа и светот дискутираат за ризикот од губење на работни места, кибер-напади и контролата врз системите.

Дводневен самит во близина на Лондон посветен на ризиците од вештачка интелигенција. Шефови на технолошки компании, истражувачи и лидери од земјите од Европа и светот дискутираат за ризикот од губење на работни места, кибер-напади и контролата врз системите.

Британскиот премиер Сунак, кој е иницијатор на собирот, вели дека крајна цел е да се утврди дали системите за вештачка интелигенција се безбедни пред да бидат ослободени.