Дурант стана 12-ти играч во историјата на НБА со 27 илјади поени
01.11.2023 19:45
Дурант стана 12-тиот играч во историјата на најсилната кошаркарска лига на светот кој постигнал 27.000 поени во кариерата.
Кошаркарот на Феникс санс, Кевин Дурант надмина 27 илјади поени во кариерата.
Триесет и петгодишниот Американец постигна 26 поени ноќеска во поразот од Сан Антонио (114:115) во регуларниот дел од сезоната во НБА.
Дурант стана 12-тиот играч во историјата на најсилната кошаркарска лига на светот кој постигнал 27.000 поени во кариерата.
Рекордер во НБА е членот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс. Тој има 38.740 поени.
Фото: НБА
