Прилеп

Голема обнова на паркот на револуцијата, неопходна заштита на спомен обележјата

02.11.2023 07:41

Во пресрет на денот на градот „херој “- 3-ти ноември, конечното ослободување на Прилеп, завршен е проектот за големата сеопфатна обнова на бистите на хероите, на Могилата на непобедените и споменикот на ослободувањето на градот. Музејот со намера покрај 10-те, да ги постави уште 5 бисти на народни херои. Заштитата на споменичните обележја е неопходна.

Обновени патеки и бисти на народните херои, на урните и криптата на Могилата на непобедените, обновен и споменикот на градот на Песјо Брдце. Заводот и музеј со голем проект за заштита на сведоштвото на славното минато на Прилеп. Обновата е прва поголема по повеќе децении.

Во Прилеп и прилепско се 160 споменици, обележја и спомен плочи. Периодот на вандализмот е надминат, но сè уште има уништувања.

Во надлежност на Музејот се спомениците на културата, а другото го одржуваат локалните власти.

 

Елизабета Митреска