Тенис

Ѓоковиќ со победа против Ечевери во АТП Мастерс серијата во Париз

02.11.2023 08:59

Во меч што траеше 1 час и 24 минути најдобриот тенисер на светот првиот сет го доби со 6:3, во вториот беше уште поубедлив, 6:2...

Новак Ѓоковиќ првиот светски рекет, вчера го победи Аргентинецот Томас Мартин Ечевери во второто коло на турнирот од АТП Мастерс серијата во Париз. Ечвери му парираше на Ѓоковиќ само до 3:3 од тој момент најдобриот светски тенисер ја презема контролата врз резултатот и ги доби наредните три сета за 6:3 и 1:0 во сетови. Во вториот сет Ѓоковиќ само продолжи со добрата игра и му дозволи на противникот само два гема (6:2).

Во меч што траеше 1 час и 24 минути најдобриот тенисер на светот првиот сет го доби со 6:3, во вториот беше уште поубедлив, 6:2.

Во следното коло Ѓоковиќ се соочи со Холанѓанецот Грикспор кој беше подобар од Давидович Фокина со 2:0 во сетови.