Здравје

Неколку намирници за појачување на железото во крвта

02.11.2023 09:32

Малнутриција се јавува при неадекватен внес на потребните хранливи материи. Со цел лекување на железо дефицитната анемија, потребно е да се нормализира нивото на железо во крвта.

Недостатокот на железо, медицински познат како сидеропенија, е еден од најчестите здравствени проблеми кој се должи на малнутриција. Малнутриција се јавува при неадекватен внес на потребните хранливи материи. Со цел лекување на железо дефицитната анемија, потребно е да се нормализира нивото на железо во крвта.

Неколку намирници кои можат да го појачат железото, меѓу нив спанаќот како еден од најбогатите природни извори на железо. Покрај железото, ова растение изобилува со витамин А и Е, калциум, растителни влакна и протеини. Леќата е одличен извор на железо, а освен тоа е богата и со растителни влакна, што значи дека по оброкот ќе бидете сити подолго време.

Дополнително, леќата помага за намалување на холестеролот и за регулирање на шеќерот во крвта. Семките од тиква се идеални за на вашето тело му ги обезбедите потребите минерали. Покрај со железо, тие се богати со манган, магнезиум, фосфор и цинк. Семките од тиква го подобруваат имунитетот и благодарение на антиоксидансите кои ги содржат, го штитат организмот од канцерогени промени. Црвеното месо (телешко, јагнешко, свинско) е богато со железо, цинк, фосфор и Б витамини. Со цел стабилизирање на нивото на железо во крвта, се препорачува да биде вклучено парче црвено месо во 3 оброка неделно.

Темното чоколадо изобилува со манган, магнезиум, селен, бакар и се разбира, со железо. Тофуто кое е направено од соја, е фантастичен извор на протеини, железо и калциум. Благодарение на нутритивните состојки, оваа намирница покрај при железо дефицитна анемија, помага при превенција на кардиоваскуларни болести, рак на дојка, дијабетес и остеопороза. Сусамот исто помага во превенција на остеопороза, го намалува холестеролот и го подобрува здравјето на крвните садови.