Расте бројот на новооткриени случаи на рак на дојка кај жените
Во Македонија секоја година се дијагностицира зголемување на случаите на рак на дојка кај жената. Ако лани во Велес имало 370 случаи, годинава за шест месеци има 300 жени кои боледуваат од канцер. И натаму раното откривање е најголема превенција...

Бројот на случаи на ракот на дојката го мина ракот на белите дробови во светот, алармираат од Светската здравствена организација. Во Македонија секоја година се дијагностицира зголемување на случаите на рак на дојка кај жената, кај возрасната група од 45 до 59 години. Ова беше кажано на трибината одржана во Велес, за превенција од рак на дојка кај жената.
Во Велес состојбата последните години е загрижувачка. Ако во 2020-та имало 369 случаи, годинава во првите шест месеци регистрирани се 296 случаи. Превенција за карцином на дојка е можна со редовни самопреглед од страна на жената.
Токму поради ова, Организацијата на жени од Велес организира трибини, предавања со женската популација, за подигање на свеста.
Поразителни се податоците од анкета реализирана во компанија во Велес, каде вработените жени не се доволно запознаени што треба да сторат за превенција од ракот.
Петар Печков
