МВР

Претрес во Струмица, приведен дилер

02.11.2023 10:38

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Е.И.(19) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Вчера во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Е.И.(19) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.