Македонска филхармонија

Концерт во Филхармонија за 60 години постоење

02.11.2023 11:00

Оркестарот на Македонска филхармонија денеска, со почеток во 20 часот, ќе го изведе концертот насловен „Извор“ посветен на 60 години Музичка младина на Македонија.

Оркестарот на Македонска филхармонија денеска, со почеток во 20 часот, ќе го изведе концертот насловен „Извор“ посветен на 60 години Музичка младина на Македонија.

Диригент е Борјан Цанев, а како солисти ќе настапат младите инструменталисти Магдалена Дрмач – виолончело, Леонардо Димоски – виолина и Гоце Златев – пијано.

На програмата се „Водич низ оркестарот за млади“ од Бенџамин Бритн, Симфониски варијации за виолончело и оркестар од Леон Боелман, Капричо-Етида во форма на валс од Сен-Санс и „Рапсодија на тема од Паганини“ од Сергеј Рахмањинов.