Газа

Со отварање на преминот Рафа се овозможува евакуација на петте македонски државјани од Газа

02.11.2023 11:37

Во Газа има вкупно 5-мина македонски државјани и една Палестинка, сопруга и мајка на две деца кои имаат македонско државјанство...

Со одлуката за отворање на граничниот премин Рафа се овозможува евакуација и на петте македонски државјани кои се наоѓаат во Појасот Газа. Од МНР велат дека се во континуирана комуникација со надлежните институции на Египет и на Израел, како и со нашите државјани, со цел тие безбедно и навремено да бидат евакуирани.

Во Газа има вкупно 5-мина македонски државјани и една Палестинка, сопруга и мајка на две деца кои имаат македонско државјанство.