Хепатоцелуларен карцином - може да се излечи ако навреме се открие

29.05.2014 15:44

Алкохолот, масната храна и недоволната физичка активност се причинители на хепатоцелуларен карцином...

41 годишната Даниела има хепатоцелулaрен карцином. Тешко е да се живее со оваа болест- тврди таа. Најголем проблем и е терапијата. Лековите ги нема на позитивната листа. Месечно треба да плаќа 429 илјади денари.

„И да имам неограничени средства и тие ќе бидат на крај исцрпени, сега за сега неможам да си ја дозволам терапијата“, вели Даниела Божиновска –пациентка со хепатоцелулозен карцином.

Алкохолот, масната храна и недоволната физичка активност се причинители на хепатоцелуларен карцином. Докторите велат може да се излечи ако навреме се открие.

„Сите заболени кои имаат Цероза, хроничен Хепатитис Б, на секои шест месеци да одат на ултразвук, ништо друго не е потребно. На тој начин ќе можеме да ја откриеме оваа болест навреме“, изјави д-р Броут Штабуц- специјалист Гастроентерохепатолог од Љубљана.

Бројот на заболени од овој карцином кој го напаѓа црниот дроб се зголемува. Во 2012 година изнесувал 135, а бројот на смрттни случаи 185.

„Очекуваме до есен дел од хируршките процедури да бидат вклучени како што е трансплантацијата на црниот дроб, тоа е во тек и за кратко време ќе се реализира“, изјави д-р Розалинда Попова- специјалист Гастроентерохепатолог.

Хепатоцелуларниот карцином е најчест малигно заболување на црниот дроб. Најчесто се јавува кај луѓето над 50 годишна возраст.

 

 

Андријана Атанасовска