Ковачевски: Со новиот рехабилитиран пат Подмоље-Струга-Ќафасан овозможуваме поинтензивна регионална соработка
Премиерот Димитар Ковачевски денеска, заедно со првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и Ејуп Рустеми, директор на Јавното претпријатие за државни патишта, присуствуваа на пуштање во употреба на патниот правец Подмоље-Струга-Ќафасан...

Премиерот Димитар Ковачевски денеска, заедно со првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и Ејуп Рустеми, директор на Јавното претпријатие за државни патишта, присуствуваа на пуштање во употреба на патниот правец Подмоље-Струга-Ќафасан.
Рехабилитацијата на државниот пат А2, односно делницата Подмоље-Струга-Ќафасан, чинеше скоро 8 милиони евра, премиерот Ковачевски истакна дека оваа делница е од исклучително значење за овој регион, особено за поттикнување на регионалната соработка, за нови можност за економски врски, културни размени и врски меѓу луѓето на Северна Македонија и Албанија.
Министерот Бочварски рече дека Министерството за транспорт и врски работи и на проект за рехабилитација на инфраструктурата на граничниот премин Ќафасан како и поставување на нов видеонадзор. Директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми, рече дека претпријатието ќе продолжи интензивно и посветено да работи на реализација на најголемиот инвестициски циклус во државата, стои во соопштението од Влада.
