Собрание
Предлог законот за амнестија не доби поддршка од пратениците
02.11.2023 13:39
Нема потреба од законот, одлучија пратениците. Го отфрлија предлог на Владата којашто уверуваше дека ова е решение за состојбите во казнено поправните установи...

Нема потреба од законот, одлучија пратениците. Го отфрлија предлог на Владата којашто уверуваше дека ова е решение за состојбите во казнено поправните установи. Во Собранието 66 пратеници гласаа против предлог законот за амнестија, само 15 дадоа зелено светло, а тројца беа воздржани. Денес Македонија е понеправедна држава од вчера, изјави Лога. Миле Ристески известува од законодавниот дом.
