НБА Плеј оф, источно финале

Индијана остана во игра, Мајами и натаму на чекор до финалето

29.05.2014 15:48

Актуелниот шампион Мајами  ја пропушти првата меч-топка за пласман во финалето на НБА плеј-офот. „Жешките“ загубија на гости кај Индијана со 93-90, по што Пејсерс сега се во негатива од 3-2 во завршната конференциска серија на исток.

Актуелниот шампион Мајами  ја пропушти првата меч-топка за пласман во финалето на НБА плеј-офот. „Жешките“ загубија на гости кај Индијана со 93-90, по што Пејсерс сега се во негатива од 3-2 во завршната конференциска серија на исток.

Индијана се радуваше најмногу по заслуга на Пол Џорџ, којшто имаше извонредна партија, но и поради неверојатно лошото издание на главната ѕвезда на мајами Леброн Џејмс. Мечот понуди многу жестина и неизвесност од почетокот до крајот, а нетипичната тензија на Леброн резултираше со три негови фаули уште пред полувремето, а потоа и четврти веднаш по одморот. Поради тоа повеќе време мина и на клупата, а и кога беше на паркетот, не можеше да најде решение за извонредната одбрана на Ленс Стивенсон.

Мајами ја контролираше средбата во првиот дел, во еден момент имаше предност и од десет поени, но не успеа да побегне. Индијана ја анулираше негативата во финишот на третиот период, по што тесен беше резултатот во завршната четвртина, но на крајот прославуваа домашните кошаркари и навивачи. Пол Џорџ постигна 37 поени за Пејсерс, речиси двојно повеќе од Дејвид Вест, којшто застана на 19 коша. Кај „жешките“, 20 поени уфрли Крис Бош, по 18 дадоа Двејн Вејд и Рашард Луис, додека само седум коша запиша Леброн Џејмс.

Серијата „прв до четири“ сепак може да заврши веќе утре вечер, кога Мајами ќе биде домаќин на шестиот натпревар. Во ноќва што претстои, Сан Антонио ќе ја вгости Оклахома Сити во западното финале, при нерешен резултат 2-2 во победи.