Безбедносен самит за вештачка интелигенција во Лондон
Светските лидери на прв Меѓународен самит за безбедност на вештачката интелигенција во Лондон. Делегатите од 28 нации, вклучително и САД и Кина, се согласија да работат заедно и потпишаа декларација...

Светските лидери на прв Меѓународен самит за безбедност на вештачката интелигенција во Лондон. Делегатите од 28 нации, вклучително и САД и Кина, се согласија да работат заедно и потпишаа декларација за да ги ограничат потенцијалните „катастрофални“ ризици предизвикани од галопирачкиот напредок во областа.
Иако во декларацијата не се спомнува меѓународен центар за тестирање во Обединетото кралство, како што се надеваше британската влада, таа обезбедува образец за идна меѓународна соработка. Безбедносни самити се планирани и во јужна Кореја за шест месеци и во Франција за една година.
Голем број светски експерти предупредуваат дека вештачката интелегенција може да биде ризик за постоењето на човештвото.
