Македонија

Град Скопје сè уште не ја предава Универзална сала на Министерството на култура

02.11.2023 16:11

И покрај одлуката на Советот и усмениот договор меѓу министерката Костадиновска и градоначалничката Арсовска, Град Скопје сè уште не ја предава Универзална сала на Министерство на култура. Министерката за култура во јуни месец, годинава, вели дека добила две известувања од ИЗИС дека постои можност Универзална сала веќе да падне и мора да се затвори…

Проектот „Универзална сала“ никако да почне. Од Министерството за култура велат, од ИЗИС ги предупредиле дека ако остане во оваа фаза, може да се сруши објектот.

Скопје може да ја изгуби титулата „Европски град на културата“ ако градоначалничката Арсовска не ја предава Универзална сала, Владата да ја почне реконструкцијата, вели министерката Костадиновска. Во март треба да дојдат експерти од Европска комисија да го ревидираат овој проект. А, пред само два дена, правниот сектор во Министерството за култура направиле договор за примопредавање на ингеренциите и го пратиле до Градот, па се надеваат на позитивен исход, велат од оваа инситуцијата.

Реагираат од Град Скопје, велат градот е најзаинтересираниот субјект за брза и успешна реконструкција на Универзална сала.

„Проблемот од 2021-ва година креиран од донираниот проект од претходниот мандат беше надминат со одлука од Советот на град Скопје, со која реконструкција, доградба и надградба на Универзална сала ќе ја преземе Министерството за култура, кое по реализацијата на реконструкцијата на објектот, истиот ќе го врати во владение на Градот Скопје. Град Скопје и Министерството за култура ќе потпишат договор, чија содржина со заеднички консултации ќе се презентира на состанокот што ќе се одржи неделава“, се вели во соопштението од Град Скопје.

Министерката за култура, Костадиновска, апелираше и до Собранието, Предлог- законот за македонски јазик час поскоро да се изгласа. Не е променет уште од 1998-ма година.

 

Ана Јосифоска Тодоровска