Ракомет

Ја чекаат зимата, живеат за европската пролет

04.12.2013 13:34

Еден од моќните –унгарски Пик Сегед,француски Монпеље или германските Фуксе Берлин и Хановер, ќе биде сигурен противник на ракометарите на струмички Зомимак  во групната фаза од Купот на европската ракометна федерација. Покрај најдобро рангираните екипи коишто ќе бидат во првиот сад на утрешната ждрепка во Виена, во Струмица ќе игра и една од второрангираните. Можни се добро познатиот словачки шампион  Татран Прешов, дански Скјерн, романска Констанца на Шундовски и наАнгеловски и атрактивниот Адемар Леон од Шпанија.

Зомимак е меѓу  третите екипи по ранг, па сигурно нема да игра против Шамбери и Нант од Франција и шведски Луги, додека условно најлесниот противник ќе биде од 4-от сад во кој се екипите на Кристианштад од Данска, унгарски Чургои, Спарта од Словачка и португалски Спортинг.

Натпреварите по групи ќе се играат во Февруари и март идната година, четвртфиналето во април, а според одлуката на ЕХФ завршниот турнир на најдобрите четири ќе се одржи во „Макс Шмелинг“ арената во Берлин на 17 и 18 мај. Фуксе Берлин ја доби организацијата во конкуренција со Мешков, Лондон, АЕК, Монпеље и Штутгарт, пред се поради одличната атмосфера во салата што го носи името на легендарниот германски боксер, а уште се нарекува и „лисичино дувло“.

Зоран Видевски