Граничната полиција одбележува 10 години од формирањето
1.750 полициски службеници по вода и на копно обезбедуваат 897 километри гранична линија. Најдолга, со 256 километри, е граничната линија кон Грција, а најкратка со само 102 километри е границата кон Србија. На отворениот ден во Кавадарци граничните полицајци покажаа со што располагаат и како се извршуваат дел од работните задачи...

Една од желбите на девет годишниот Мартин е исполнета. На себе ја облече плицика униформа. Многу прашања повразани со рабоатата на полицијата им постави на полицајците за на крај со нив да ја сподели одлуката кога ќе порасне дека и тој ќе биде полицаец.
„За да ги штитам граѓаните за да не ги тепаат“, рече Мартин Ристовски.
Уште стотина деца на отворениот ден на границчанат полиција во Кавадарци се запознаа со работата и опремата на граничната полиција која одбележува 10 години од формирањето. Слетувањето на хелихопретот и средбата со полициските кучиња беа најинтересни.
Македонската гранична полиција е единствена на балканот која обезбедува целосно одбележана држава граница која за една деценија ја поминале 132 милиони граѓани.
„Граничната полиција учествува во откривање на над 17 илјади илегални мигранти, на над 35 илјади лица не им беше одобрен влез во Република Македонија“, рече Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи.
За овие 10 години граничната полиција напредувала и според експертите таа го дистигнала степенот на модерна, европски современа полициска единица.
„Инвестираме во опремата и најважно од се инвестираме во поединечниот капацитет на припадниците на МВР“, рече министерката Јанкуловска
Македонските граѓани велат од МВР треба да бидат спокојни, безбедноста на државната граница е на највисоко ниво, исто како што и довербата на граѓаните кон полицијата е на највисоко ниво.
Дијана Иванова
