ФФМ донираше медицинска опрема за второлигашките клубови

02.11.2023 19:54

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со цел подобрување на условите во делот на медицинските тимови на клубовите од МФЛ и посветувајќи грижа за здравјето на фудбалерите и учесниците на натпреварите од домашниот шампионат, донираше дефибрилатори за сите, шеснаесет екипи, од Втора МФЛ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со цел подобрување на условите во делот на медицинските тимови на клубовите од МФЛ и посветувајќи грижа за здравјето на фудбалерите и учесниците на натпреварите од домашниот шампионат, донираше дефибрилатори за сите, шеснаесет екипи, од Втора МФЛ.

Тимовите од Прва МФЛ преку нашата федерација, во текот на ланската натпреварувачка сезона добија автоматизирани дефибрилатори, а нивните лекарски тимови ги следеа едукативните програми за реанимација и употребата на дефибрилатори меѓу лекарите, тренерите и играчите, соопштуваат од ФФМ.

Срцевиот удар е можеби една од главните причина за смрт кај фудбалерите на теренот, а редовните прегледи на срцето и соодветните мерки за прва помош (како што е итна реанимација и употреба на дефибрилатор) можат да помогнат да се спречи смрт од срцеви проблеми.

 

Фото: ФФМ