Македонија
МВР: Претрес во Скопје, пронајдена дрога
02.11.2023 20:35
При претресот пронајдена е марихуана и импровизирана сушара за марихуана, како и неколку саксии со канабис.

Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, денеска извршија претрес во дом на Т.Н. (54) во Скопје.
При претресот пронајдена е марихуана и импровизирана сушара за марихуана, како и неколку саксии со канабис.
Т.Н. е лишен од слобода и задржан во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка, соопштуваат од МВР.
