Временска прогноза

Променливо облачно и ветровито време

03.11.2023 08:07

Попладне под влијание на циклонска активност ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Попладне под влијание на циклонска активност ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови. Во ноќните часови врнежите ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи.

Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, во делови од котлината пообилни.