Влада

Ковачевски на настан во Битола по повод почетокот на активностите за изградба на топловодната мрежа

03.11.2023 08:12

Премиерот Димитар Ковачевски ќе присуствува на настан по повод одбележување на завршувањето на градежните работи на топловодот од РЕК Битола до Битола и почетокот на активностите за изградба на топловодната мрежа низ градот...

Премиерот Димитар Ковачевски ќе присуствува на настан по повод одбележување на завршувањето на градежните работи на топловодот од РЕК Битола до Битола и почетокот на активностите за изградба на топловодната мрежа низ градот.

Како што соопштуваат од владината прес-служба, на настанот изјави за медиумите ќе дадат премиерот Ковачевски, генералниот директор на „ЕСМ“, Васко Стефанов, како и директорот на ДООЕЛ „Топлификација Битола“, Горан Козаров.