Продолжува седницата на Анкетната комисија за случајот„Онкологија“
Анкетната комисија што ја формираше Собранието за утврдување одговорност за скандалот на Клиниката за радиотерапија и онкологија денеска ќе продолжи со работа со сослушување сведоци и експерти...

Анкетната комисија што ја формираше Собранието за утврдување одговорност за скандалот на Клиниката за радиотерапија и онкологија денеска ќе продолжи со работа со сослушување сведоци и експерти, како и разгледување акти и документи.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера на прес-конференција рече дека има нови сознанија за Клиниката за онкологија за периодот од 2021 до 2023 година. Како што посочи се работи за огромна документација која ја добиле преку свиркачи.
Досега пред Анкетната комисија зборуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и поранешните министри за здравство Венко Филипче, Беким Сали и Никола Тодоров, актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити, поранешните и актуелните директори на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, Орхан Рамадани, Фатон Ахмети, Маја Парнарџиева Змејкова, Магдалена Филиповска Грашковска, актуелната заменик-министерка за здравство Маја Манолева, поранешните заменици-министри за здравство Илир Хасани и Владимир Рендевски, Ефтим Насков, главен внатрешен ревизор во Фондот за здравствено осигурување, Поранешната директорка на Клиниката за онкологија, Симонида Црвенковска, Виолета Клисарова, в.д. медицински директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија и други лица и функционери.
