Приштина

Конференција на тема „Иднината на транспортот“ во Приштина

03.11.2023 08:35

Пратениците од собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија Марија Георгиевска, Олга Лозановска и Берат Ајдари денеска и утре ќе учествуваат на парламентарната конференција на тема „Иднината на транспортот“, што се одржува во Приштина.

Како што соопшти собраниската прес-служба, целта на конференцијата е парламентарните комисии да дискутираат за иднината на транспортот и транзицијата по однос на потребата од низок јаглероден отпечаток.

Пратениците од собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија Марија Георгиевска, Олга Лозановска и Берат Ајдари денеска и утре ќе учествуваат на парламентарната конференција на тема „Иднината на транспортот“, што се одржува во Приштина.

На конференцијата е предвидено да се дискутира за заштита на животната средина во насока на одржливост, чист транспорт и паметна мобилност.