Нема опасност од вулканот во Косел

29.05.2014 16:44

Единствениот вулкан на Bалканот нема никаква активност и не претставува закана за околината, велат експертите по посетата на охридското село Косел, каде што синоќа беше забележан погуст чад. Природниот отвор од каде што постојано излегува сулфурниот гас бил затрупан со смет, па се формирал нов отвор...

Не е алармантна состојбата со вулканот во Косел. Според надлежните институции неколку факти укажуваат на тоа-  непостоење на сеизмичка активност како и затворањето со шут на самиот кратер.

„Можеби овој насипов овде каде што стоиме, несреќно е одбрано ова место каде што се одлагал градежниот шут па се затворени некои природни испусти на времето што биле, па притисокот и гасот мора да излегува надвор па си има најдено некој други процепи“, појасни Љупчо Прескаков од Дирекција за заштита и спасување.

 Градоначалникот на Охрид  ги демантираше вчерашните информации поврзани со вулканот во Косел.

„Немаме никакви информации за било каква загриженост и со тоа на некој начин јас само можам да ги демантирам гласините кои што постоеа во јавноста во текот на вчерашниот ден како и денешниот ден за некаква сеизмичка активност или по некаква опасност по населението“, рече градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Жителите на Косел имаа идентичен став за синоќешната појава на вулканот. Причината ја гледаат во затворањето на кратерот со градежен шут.

Вулканот беше многу полн со шут и кратерот го затворија и кога тогаш, ете даде можност да избие на друго место“, рече 62 годишниот жител на Косел, Мите Мојсоски.

Ваквите појави се чести но со помал обем. Место за паника нема. Слична ваква појава имало и во 2004 та година.
 

Јованчо Наумоски