ФИБА турнир

Машката кошаркарска репрезентација со победа над Косово

03.11.2023 10:34

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи „Под 14“ години, беа подобри од своите врсници од Косово со резултат 72:57.

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи „Под 14“ години продолжи со добрите настапи на ФИБА YDF турнирот во Скопје. По успех на стартот против Бугарија, нашите кадети во СРЦ „Кале“ беа подобри од своите врсници од Косово со резултат 72:57.

Нашите млади кошаркари ја имаа контролата над играта и особено над резултатот буквално од првата до последната минута.

 

 

 

 

 

 

 

Фото: / КФСМ