НАСА

Сондата „Луси“ помина покрај астероидот Динкинеш и преживеа

03.11.2023 10:48

Сондата „Луси“, развиена од американската вселенска агенција НАСА, го посети својот прв астероид. Леталото помина покрај астероидот Динкинеш на оддалеченост од околу 400 километри и успешно го преживеа тој маневар, соопшти НАСА...

Сондата „Луси“, развиена од американската вселенска агенција НАСА, го посети својот прв астероид. Леталото помина покрај астероидот Динкинеш на оддалеченост од околу 400 километри и успешно го преживеа тој маневар, соопшти НАСА. Сега ќе треба околу една недела да се испратат сите снимени податоци на Земјата.

„Луси“ треба да лета блиску до седумте „тројанци“ на Јупитер, именувани по протагонистите на Хомеровата епска „Илијада“. „Тројанци“ се астероиди кои орбитираат околу Земјата во иста орбита како најголемата планета, дел пред и еден зад неа. Главната цел на сондата на НАСА се астероидите на Јупитер. Беше лансиран во 2021 година од вселенското пристаниште Кејп Канаверал во Флорида, САД.

Долга е околу 14 метри, а се напојува со гориво и батерии кои се полнат преку соларни ќелии. Мисијата треба да трае дванаесет години, а „Луси“ ќе помине вкупно 6,5 милијарди километри.