свет

Украина: Руски беспилотни летала нападнаа цивилни цели во Харков

03.11.2023 10:49

Сирените за воздушен напад се огласија и во други региони – во централна, западна и источна Украина.

Руски беспилотни летала нападнаа цивилни цели во Харков, има жртви, објави украинската одбрана. Сирените за воздушен напад се огласија и во други региони – во централна, западна и источна Украина. Москва пак, го обвинува Киев дека се обидува да предизвика нуклеарна катастрофа.

Руската противвоздушна одбрана соборила беспилотни летала во близина на нуклеарната централа Запорожје.