ГРЦИЈА

Грција: Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди грчкиот остров Евија

03.11.2023 10:53

Потресот бил почувствуван и во Атина...

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди грчкиот остров Евија. Потресот бил почувствуван и во Атина.

Надлежните власти упатиле апел до жителите на островот да се оддалечат од старите згради и да избегнуваат области на патната мрежа каде постои опасност од свлечишта.