СЕВЕРНА КОРЕЈА

Северна Кореја затвора неколку амбасади во светот

03.11.2023 11:02

Пјонгјанг неодамна објави дека ги затвора амбасадите во Ангола, Шпанија и Уганда, додека Пекинг потврди дека Северна Кореја го затвора и дипломатското претставништво во Хонгконг...

Северна Кореја затвора неколку амбасади со цел да ги реорганизира дипломатските капацитети. Пјонгјанг неодамна објави дека ги затвора амбасадите во Ангола, Шпанија и Уганда, додека Пекинг потврди дека Северна Кореја го затвора и дипломатското претставништво во Хонгконг.

Од Јужна Кореја велат дека потегот само потврдува оти севернокорејската економија е на стаклени нозе поради западните санкции наметнати поради нуклеарната програма.