ЦУК
ЦУК: По последното деноноќие изгаснати се два пожари на отворено
03.11.2023 11:58
Два пожари на отворено и тие биле изгаснати од пожарникарските тимови во Општина Битола, кај село Лажани каде што горела ниска вегетација и во Општина Василево, кај село Доброшинци каде што горело стрниште...

Изминатото деноноќие имало два пожари на отворено и тие биле изгаснати од пожарникарските тимови во Општина Битола, кај село Лажани каде што горела ниска вегетација и во Општина Василево, кај село Доброшинци каде што горело стрниште, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од ЦУК посочуваат дека во одредени случаи координираат итни ситуации и со институции од соседни и други земји бидејќи, како што велат, итните случаи, непогодите и катастрофите не познаваат граници.
