Македонија
Судењето против доктор Жан Митрев почна од почеток
03.11.2023 12:03
Судењето против доктор Жан Митрев почна од почеток поради истек на 90 дена од последното рочиште.

Судењето против доктор Жан Митрев почна од почеток поради истек на 90 дена од последното рочиште. Постапката ќе продолжи на 15-ти ноември со испитување сведоци на предлог на Обвинителството.
Предметот е оформен по допрен глас, откако лани беше објавен документарецот на ИРЛ „Нечиста крв“, во којшто се тврди дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми за хемофилтрација при лекување од ковид-19.
Обвинителството ја води постапката за делото измама, односно за прикривање на клучни факти во однос на методот на хемофилтрација, со што пациентите биле доведени во заблуда.
