Случај „Онкологија“

Клиниката за онкологија ги отфрли тврдењата на Мицковски

03.11.2023 12:05

Од Клиниката за онкологија велат дека количините се повлекуваат на месечно ниво, но поради зголемените потреби и новите пациенти, новите количини се трошат порано од планираното...

Наводите и документите кои беа објавени уште од почетокот на истрагата за случајот „Онкологија“, предадени се на сите истражни органи. Клиниката за онкологија ги отфрли тврдењата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Оттаму велат дека количините се повлекуваат на месечно ниво, но поради зголемените потреби и новите пациенти, новите количини се трошат порано од планираното.

ВМРО-ДПМНЕ и денеска побара, Анкетната комисија да се прошири и на случувањата на Онкологија во периодот од 2021-ва до 2023-та година и да има одговорност. Од СДСМ, пак, го обвинија Мицкоски дека свесно ја загрозува истрагата. „Одговорност за сите инволвирани во случајот на Клиниката за онкологија ќе има, независно од политичката или етничка припадност“, велат социјалдемократите.