МВР

Приведени двајца разбојници во Куманово

03.11.2023 12:48

На 02.11.2023 во 14.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Г.Н.(35) и Д.Д.(42), двајцата од Куманово...

На 02.11.2023 во 14.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Г.Н.(35) и Д.Д.(42), двајцата од Куманово.

Тие се сомничат дека на улицата „Тане Георгиев“ во Куманово со тврд предмет го нападнале Д.П.(29) од Куманово и му одзеле мобилен телефон. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, соопштија од МВР.