Њујорк
Кралот на криптовалутите - Фрид, прогласен за виновен
03.11.2023 14:02
Таканаречениот Крал на криптовалутите, Сем Бенкмен-Фрид е прогласен за виновен за измама и перење пари. Обвинетиот вели дека е невин иако правел грешки, постапките му биле со добра намера.

Таканаречениот Крал на криптовалутите, Сем Бенкмен-Фрид е прогласен за виновен за измама и перење пари. Клиентите и инвеститорите ги олеснил за најмалку 10 милијарди долари. Обвинетиот вели дека е невин иако правел грешки, постапките му биле со добра намера.
Фрид беше уапсен минатата година на Бахамите откако неговата фирма ЕФ-ТИ-ЕКС банкротираше. Тој сега се соочува со потенцијална максимална казна од 110 години. Пресудата ќе биде соопштена на 28-ми март, 2024 година.
