Индија

Главниот град на Индија повторно најзагаден

03.11.2023 14:07

Главниот град на Индија повторно најзагаден. Затворени се училиштата, а милиони жители се жалат на здравствени тешкотии...

Главниот град на Индија повторно најзагаден. Затворени се училиштата, а милиони жители се жалат на здравствени тешкотии. Регионалните власти соопштија дека загадувањето на воздухот е предизвикано од комбинација на пониски температури, недостаток на ветер и горење на стрништа.

Официјалните лица предупредија дека лошиот квалитет на воздухот може да продолжи и во следните две до три недели.