Документарен филм

Светска премиера на „Патување пеш“ на фестивалот за документарни филмови во Њујорк

03.11.2023 14:18

На 9-ти ноември во Њујорк, на најголемиот американски фестивал за документарни филмови, светска премиера на филмот „Патување пеш“ во режија на Тамара Котевска која го режираше и филмот „Медена земја“. Филм, кој доби три награди на култниот американски филмски фестивал „Санденс“, а следната година имаше номинации за Оскар во две категории...

Филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза, кој ја следи одисејата на младата бегалка Амал која оди пеш преку два континенти, преку сириската граница во Турција, низ Европа, обидувајќи се да најде дом. Филмот се снимаше две години, на територија на повеќе од 10 земји, меѓу Сирија на исток и Обединетото кралство на запад, како и на бреговите на Јужна Африка.

Македонската премиера, филмот „Патување пеш“ ќе ја има на фестивалот „МакеДокс“. Директорот на Агенцијата за филм рече дека за него овој филм е едно од поубавите аудиовизуелни ремек дела.

Во моментов во светот има над 35 милиони бегалци, од кои 14 милиони се деца, а повеќето од нив сирачиња, во чија чест, џиновската кукла Амал во филмот, активно се движи низ светот со својот патувачки театар. Во реализацијата на филмот, покрај режисерката Котевска, учествуваа и монтажерот Мартин Иванов, кинематограферот Самир Љума и композиторот Дуке Бојаџиев.

 

Александра Спировска