Штип

Здрженијата на слепи лица бараат употреба на брајово писмо во јавните институции

04.11.2023 11:12

Од денес жителите на Штип со оштетен вид сметките за вода ќе ги добиваат со испечатено брајово писмо. Од здруженијата на слепи лица бараат институциите да го користат ова писмо ова писмо, за да се олесни комуникацијата со слепите лица. Во државата има околу 1.500 слепи лица. Се смета дека дваесеттина отсто од нив го знаат брајовото писмо …

Граѓаните со оштетен вид во Штип ги добија првите сметки за вода испечатени со брајово писмо. Ова е од голема помош за нас и добро е кога не мора во целост да зависиме од нашите блиски, вели Љуба Крстова.

За сега деветмина штипјани пријавиле потреба од сметки со брајово писмо, а ЈП „Исар“ дава целосна поддршка на здружението на слепи лица.

Брајовото писмо е наменето за слепите лица, се чита со рацете и во голема мера им помага на лицата со слаб вид.

За сега ова е единствен ваков проект во државата наменет за слепите лица. Штипското здружение бара и останатите институции да го следат примерот на Јавното претпријатие.

 

Славица Величковска