Лога ќе бара да се свика Советот за безбедност за осудениците за кои нема место во затвор
На оваа седница, како што соопшти Министерството за правда, Лога ќе побара да се разгледува состојбата во затворите во земјава и состојбата со над 2.800 осудени лица со упатен акт, кои не ја одлежуваат казната поради недостиг на простор...

Министерот за правда, Кренар Лога ќе испрати со писмо до претседателот Пендаровски, со кое ќе бара да се свика седница на Советот за безбедност.
На оваа седница, како што соопшти Министерството за правда, Лога ќе побара да се разгледува состојбата во затворите во земјава и состојбата со над 2.800 осудени лица со упатен акт, кои не ја одлежуваат казната поради недостиг на простор, а кои претставуваат потенцијална опасност за целото општество и можноста досегашните дела да им застаруваат и со тоа да се охрабрат истите да ги повторат.
Посебно писмо, министерот за правда ќе испрати и до министерот за внатрешни работи и директорите на АНБ и АР, каде ќе се побараат истите информации- стои во соопштението.
