Се бара решение за проблемот на жителите од Маврово-Ростуше со мечките
Во Центарот за управување со кризи, прва координација за наоѓање решенија за проблемот на жителите од Маврово-Ростуше со мечките. Меѓу идеите, да се формира резерват за ова диво животно …

Убивање на мечките не е решение, отстрел ќе биде дозволен само за крајно проблематичните единки кои го загрозуваат здравјето и животот на граѓаните – констатирано на координативната средба во Центарот за управување со кризи.
Во наредните 12 месеци ќе се изготви акциски план за постапување во вакви ситуации. Ќе се формира интервентни тим што ќе реагира при инциденти. Една од мерките е и намалување на отпадот.
Отстрелот ќе се врши по проценка на органот за внатрешни работи кој, доколку утврди опасност ќе добие одобрение од Министерството за земјоделство. Но, ова ќе биде крајна и последна мерка, велат надлежните.
Марија Котовска
