Судство
Кривичен повторно ќе одлучува за амнестија на „Организаторите на 27-ми април“
03.11.2023 18:38
Од Кривичниот суд информираат дека барањето го поднеле денеска, а судот одлуката ќе ја соопшти на 14-ти декември.

Поранешните државни функционери обвинети за организацијата на случувањата од 27-ми април, повторно побараа да бидат опфатени со Законот за амнестија од 2018-та година.
Од Кривичниот суд информираат дека барањето го поднеле денеска, а судот одлуката ќе ја соопшти на 14-ти декември.
Обвинети се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, екс-министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски.
