МНР

Османи учествува на Министерската конференција на Франкофонијата во Јаунде, Камерун

03.11.2023 19:42

Воедно, предвидено е министерот Османи да реализира низа билатерални средби меѓу кои се Министрите за надворешни на Франција, Швајцарија, Андора, Луксембург и други.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, утре ќе учествува на Министерската конференција на Франкофонијата, која на 4 и 5 ноември 2023 се одржува во Јаунде, Камерун, информираат од МНР.

Османи, за време на предметната конференција,  ќе се обрати на седницата зад затворени врати за полноправните земји-членки и влади на Меѓународната организација на франкофонијата, на тема „Меѓународната организација на франкофонијата наспроти повторливите падови на демократијата во Франкофонските подрачје“, како и на дебатата  на тема: Доброто владеење: Гаранција за политичка, економска и културна стабилност за Франкофоните.

Воедно, предвидено е министерот Османи да реализира низа билатерални средби меѓу кои се Министрите за надворешни на Франција, Швајцарија, Андора, Луксембург и други.

Министерската конференција на Франкофонијата, е едно од трите тела содржани во повелбата на Франкофонијата и обезбедува политички континуитет на Самитот на франкофонијата. Република Северна Македонија е полноправна членка на Организацијата од 2006 година.