Хуманитарна конференција за Газа на 9-ти ноември во Париз
Хуманитарната конференција ќе се одржи во рамките на Парискиот мировен форум, на кој ќе учествуваат претставници на земји, меѓународни организации, компании и невладини организации под темата „Градиме заедно во светот на ривалството“.

На 9-ти ноември во Париз ќе се одржи Хуманитарна конференција за Газа, соопшти францускиот претседател Емануел Макрон, нагласувајќи дека „борбата против тероризмот не ги оправдува цивилните жртви“ во услови на тековни копнени операции и воздушни напади во Газа.
Хуманитарната конференција ќе се одржи во рамките на Парискиот мировен форум, на кој ќе учествуваат претставници на земји, меѓународни организации, компании и невладини организации под темата „Градиме заедно во светот на ривалството“.
Макрон реагираше и на нападот врз Францускиот институт во Газа, за кој Франција побара објаснување од Израел.
Во моментов сме во процес на организирање на евакуација на нашите граѓани и на сите кои придонесуваат за функционирањето на Францускиот институт и нивните корисници од Газа, нагласи Макрон.
