Временска прогноза
Облачно и посвежо време со врнежи од дожд
04.11.2023 08:31
Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, локално во форма на невреме со силен ветер...

Времето денеска облачно и посвежо со врнежи од дожд, наместа обилни, над 40 литри на квадратен метар. Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, локално во форма на невреме со силен ветер.
Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд, повремено поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
