Османи учествува на Министерската конференција на Франкофонијата во Јаунде, Камерун
Воедно, предвидено е министерот Османи да реализира низа билатерални средби меѓу кои се министрите за надворешни на Франција, Швајцарија, Андора, Луксембург и други...

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска и утре ќе учествува на Министерската конференција на Франкофонијата, која се одржува во Јаунде, Камерун.
Како што информираат од Министерството за надворешни работи, Османи за време на предметната конференција, ќе се обрати на седницата зад затворени врати за полноправните земји-членки и влади на Меѓународната организација на франкофонијата, на тема „Меѓународната организација на франкофонијата наспроти повторливите падови на демократијата во Франкофонските подрачје“, како и на дебатата на тема: Доброто владеење: Гаранција за политичка, економска и културна стабилност за Франкофоните“.
Воедно, предвидено е министерот Османи да реализира низа билатерални средби меѓу кои се министрите за надворешни на Франција, Швајцарија, Андора, Луксембург и други.
Министерската конференција на Франкофонијата, е едно од трите тела содржани во повелбата на Франкофонијата и обезбедува политички континуитет на Самитот на франкофонијата. Република Северна Македонија е полноправна членка на Организацијата од 2006 година, информираат од МНР.
