299 санкционирани возачи во Скопје, 43 за брзо возење
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 299 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 27 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.
Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, 55 санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за управување под дејство на алкохол.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.
