свет
Земјотрес од 6,4 степени во Непал
04.11.2023 10:48
Земјотресот е најсмртоносниот од 2015-та, кога загинаа речиси 9 илјади луѓе...

Најмалку 130 луѓе загинаа, а десетици се повредени во Непал од силниот земјотрес со јачина од 6,4 степени, што го погоди западниот регион Џајаркот. Зградите се треселе и до Њу Делхи во соседна Индија. Земјотресот е најсмртоносниот од 2015-та, кога загинаа речиси 9 илјади луѓе.
Официјалните лица стравуваат дека бројот на жртвите од земјотресот може да се зголеми, бидејќи не успеале да воспостават контакт во ридско подрачје во близина на епицентарот.
