Европа
Бурата „Кијаран“ зафати повеќе земји
04.11.2023 10:52
Има жртви од Белгија, Франција, Шпанија, Германија и од Холандија...

10-тина загинати во бурата „Кијаран“ што ја зафати Европа. Шестмина од жртвите се од Тоскана, Италија. Две лица во регионот се водат за исчезнати. Италијанската влада прогласи вонредна состојба.
Има жртви од Белгија, Франција, Шпанија, Германија и од Холандија. Во Европа за денеска се очекува нов циклон од Атлантикот.
