Многу градби под земја во Стибера
По 70 години од првите истражувања на археолошкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп за првпат и скенирање на градбите под земја. Многу тајни уште крие античкиот град најпознат по мермерните статуи, од археолозите наречен „Македонска Помпеа“ …

Многу градби се кријат под земја на античкиот локалитет Стибера, град од пред 17-тина века со 20.000 жители и со најмногу мермерни статуи. За првпат се спроведуваат геомеханички скенирања на теренот и резултатите фасцинираат.
За четири години се скенирани 15 локалитети во земјава, на шест се истражува и се потврдени добиените резултати. Препорачливо е пред да се копа, прво со скенерот да се ѕирне што се крие под земја.
Археолозите ја нарекоа „Македонска Помпеја“ и сè уште чекаат да ги откријат луксузните живеалишта и некрополата во Стибера.
Елизабета Митреска
